Во свет полн со играчки и постојан менувачки тренд, има нешто магично и волшебно во светот на дрвените играчки.
Добра играчка пред се треба да биде безбедна, соодветна на возраста, лесно манипулативна и стимулативна за развојот. Секако, без батерии.
Во овој блог пост ви откриваме 5 убедливи причини зошто дрвените играчки се подобар избор за вашето дете. Од безбедност со издржливост, овие дрвени играчки имаат многу повеќе да понудат од она што се забележува на прв поглед.
1. Безбедност
Дрвените играчки се сметаат за побезбедни од пластичните играчки, бидејќи се изработени од природни материјали и ретко содржат штетни хемикалии. Исто така, се доста издржливи и помалку кршливи, што го намалува ризикот од мали, остри делови кои би можеле да предизвикаат опасност за повреди кај малите деца.
2. Потикнува креативност
Дрвените играчки често имаат едноставен дизајн, што овозможува на децата да ја користат својата креативност во текот на играта. Тие не доаѓаат ао програмирани звуци или светла. Со самото тоа, им оставаат простор на децата да измислуваат свои цвенарија и приказни. Овој вид на игра може да ги засили когнитивните способности.
3. Стимулација
Дрвените играчки обезбедуваат различно искуство во споредба со пластичните играчки. Изберете ги за децата оние играчки што им нудат можност за истражување. Детето не треба пасивно да ја користи играчката, туку да ја разбуди неговата љубопитност. Да се запраша детето што можам да надградам или како да расклопам.
4. Издржливост
Дрвените играчки имаат безвременски квалитет и се познати по својата издржливост. Можат да издржат груба игра и помалку се склонети на кршење во споредба со пластичните играчки. Од финанскиска гледна точка дрвените играчки се подобар избор, бидејќи можат подолго да траат да се пренесуваат на помалите браќа и сестри.
5. Еколошко влијание
Дрвените играчки често се изработени поеколошки од пласничните играчки, бидејќи се направени од природни материјали кои се обновливи и биоразградливи. Забележано е дека, на пример, лесно флексибилните пласнични играчки содржат фталати, кои се токсични за репродуктивните органи, ја нарушуваат работата на хормоните, предизвикуваат астма и алергии, што е потврдено од некои педијатри.
Играчките со копчиња честопати го прават детето само набљудувач, ги задушуваат неговата креативноста и иницијативата.
Во светот на бескрајни пластични играчки, донесувањето свесна одлука да се префрлите на дрвени играчки не е само инвестиција во вашите играчки, тоа е инвестиција во вашето дете и неговиот развој.
Дел од нашите производи
-
Еспресо машина за кафе
Регуларна цена ден 2,000.00Регуларна ценаЕдинечна цена / per -
Катче за најслаткото кафе
Регуларна цена ден 3,700.00Регуларна ценаЕдинечна цена / per -
Дрвена куќа за кукли
Регуларна цена ден 7,600.00Регуларна ценаЕдинечна цена / per